Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.
Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во Северна Македонија, на 16 март откако се запали таванот на клубот и падна врз присутните за време на концертот на групата ДНК.
Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во Северна Македонија, на 16 март откако се запали таванот на клубот и падна врз присутните за време на концертот на групата ДНК. Nezavisen
Македонија официјално го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, првично барајќи итна евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници.
Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија помош преку овој механизам. Kanal5
Од повредените 84 пациенти се лекуваат во домашните болници, а 51 пациент се лекува во странство. Novamakedonija
Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија помош преку овој механизам.
За несреќата се осомничени 23 лица, 11 лица се во притвор. Novamakedonija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Македонија.
Двојно убиство се случило синоќа во населбата Љубиќ кеј во Чачак, пренесуваат српските медиуми.
Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Северна Македонија по трагедијата во градот Кочани, јави МИА.
Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе ги посети повредените од пожарот во дискотека во Кочани, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград.
Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА.