Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 2 април треба да се појави во Обвинителството на Босна и Херцеговина во својство на осомничен во истрагата за купување на вила на Дедиње во Белград, објавија босанските медиуми. Nezavisen
Тој е осомничен за кривично дело перење пари, примање подароци и други видови поволности, како и злоупотреба на службената положба.
Претседателот на РС ја купил вилата на Дедиње на 14 мај 2007 година за 750.000 евра. Libertas
Барањето за кредитот го заверил со печат на Владата на РС, со која тогаш раководеше.
До 2018 година вилата била издавана на Амбасадата на Израел. Libertas