По силниот и обилен дожд и невремето што вчера попладне ги зафати Кикладските острови во Егејското Море и предизвика поплави и проблеми и најпогодени беа Парос и Миконос, каде што улиците се претворија во реки и водата повлече паркирани автомобили, утрово ситуацијата е подобрена, но се пребројуваат штетите.
Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила. Plusinfo
Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогодени се островите Парос и Миконос каде што улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Nezavisen
Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ рече дека невремето започна околу 15 часот и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека за среќа нема повредени граѓани.
Откако беше испратена пораката од 112 за забрана за движење на возила и од општина Парос преку соопштение ги повикаа жителите и посетителите на островот, „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“. Libertas
Вчера, хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола.
Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на островите Хиос, Самос и Икариа дека до рано утрово се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа на бидете внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните, а во текот на вчерашниот ден иста порака добија сите оние кои се на Кикладските острови. Novamakedonija
Од бројот за итни случаи – 112 била испратена порака со која ги повикале жителите и посетителите на Парос „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“.
„Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. 360stepeni
Според грчките медиуми, од Атина и од соседниот остров Наксос на Парос се испраќаат пожарникари за да помогнат во справување со последиците од невремето.
Проблеми, но од помали размери имаше и на островот Сирос. Kanal5
Приоритет е безбедноста на сите.
Општина Миконос работи и ќе продолжи напорно да работи со сите сили за санирање на штетите предизвикани од невремето. A1on
Во некои области нивото на водата беше високо повеќе од еден метар, оставајќи многу семејства заробени во своите домови, а спасувачите не можеа да дојдат до нив.
Метеоролозите велат дека вчера на Парос наврнало колку што врне дожд за еден месец, додека на Миконос наврнала количина колку за два месеци. Skopjeinfo
Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ изјави дека невремето почна околу 15 часот вчера попладне и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека нема повредени граѓани.
Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Faktor
Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во таа земја.
Некои од најубавите грчки острови се на удар на многу силно невреме, најтешко се погодени Миконос и Парос, а после невремето владее хаос. Skopjeinfo