Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Plusinfo
По силниот и обилен дожд и невремето што вчера попладне ги зафати Кикладските острови во Егејското море и предизвика поплави и проблеми и најпогодени беа Парос и Миконос, каде што улиците се претворија во реки и водата повлече паркирани автомобили, утрово ситуацијата е подобрена, но се пребројуваат штетите.
Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила. Kanal5
Вчера, хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола.
Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на островите Хиос, Самос и Икариа дека до рано утрово се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа на бидете внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните, а во текот на вчерашниот ден иста порака добија сите оние кои се на Кикладските острови. Plusinfo