Претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, вчера по посетата на Москва се врати во Босна и Херцеговина, а синоќа во програмата на РТРС зборуваше за тоа како ја минува државната граница.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа Х објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал дека Директоратот на Интерпол ја прифатила жалбата на Србија и дека е одбиено барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување црвена потерница по него и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ.
Обвинителството на Босна и Херцеговина формираше тим кој разработува активности за апсење на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, пренесе Бета повикувајќи се на локални медиуми.