Форумот го организира Европскиот либерален форум, во соработка со Алијансата на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ) и Атлантскиот клуб на Бугарија и на него политички претставници и членови на граѓанското општество ќе дебатираат за регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. - Градењето силна поврзаност со балканските земји со цел нивно усогласување со вредностите, законодавството и стандардите на ЕУ преку обезбедување платформа за искрена дискусија на еднаква основа меѓу ЕУ и земјите кандидатки, се покажа од голема важност во сегашната нестабилна геополитичка средина. Kanal5