Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево, дел од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) со мнозинско население на Срби.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.
СИПА пристигнала во Административниот центар на Владата на РС во источно Сараево, каде во моментов е сместен претседателот на РС Милорад Додик.