Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Во средината на март грчката полиција разби две криминални групи во Солун и во Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а уапсени беа над 55 лица. Sitel