Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој беше единствениот кој не ја потпиша декларацијата, објавија белградските медиуми кои ја покриваат првата посета на Вучиќ на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија од неговиот кабинет.
Српската коалиција НАДА, составена од Новата демократска партија на Србија (Нови ДСС) и Движењето за обнова на Кралството Србија (ПОКС), денес објави дека нема да ги признае резултатите од изборите во Заечар и Косјериќ, „бидејќи се работело за невидена изборна кражба организирана од владата“.
Во српските градови Заечар и Косјериќ вчера се одржаа избори за советници во собранијата на локалната самоуправа каде граѓаните избираа помеѓу осум листи во Заечар и три во Косјериќ.