Весна Јаневска, министерката за образование и наука, денеска уште еднаш покажа дека реалноста и политичките илузии не се во иста орбита.
Во време кога светот експериментира со вештачка интелигенција во образованието, а децата во Јужна Кореја програмираат роботи во трето одделение, Северна Македонија гордо објавува епохален успех: конечно – учебници за сите!
Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта.