Во соопштението се укажува на бројни проблеми што го загрозуваат правниот и општествениот поредок: манипулација на изборниот процес преку купување гласови и злоупотреба на државни ресурси, контрола врз судството, потиснување на слободата на медиумите, злоупотреба на јавната служба за пропагандни цели, како и прекумерно задолжување на државата без јавна дебата и контрола.Академиците, исто така, укажуваат на прикривањето на криминалните работи, широко распространетата корупција, нетранспарентноста во работата на државните органи и систематскиот колапс на основните општествени столбови како што се образованието, здравството, науката, културата и уметноста.