Десетици пожарникари втор ден по ред се борат со шумските пожари предизвикани од силните ветрови на грчкиот остров Хиос во североисточното Егејско Море, додека властите евакуираат повеќе села.
На грчкиот остров Хиос во Егејското Море, пожар беснее веќе 48 часа, ширејќи се на три фронта.Почнувајќи од утрово во 06:00 часот по локално време, властите испратија два СМС-повици за превентивна евакуација на областите Реста и Агија Параскеви во Кариос, објавува порталот „Катимерини“.Денес, со првата дневна светлина, канадски авиони повторно беа лансирани, а дополнителни противпожарни сили беа донесени на островот со бродови од атинското пристаниште Пиреја.