Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ и ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи.
Објаснија дека забележана е кај градот Халкида на Евија и во северниот дел на островот што „веќе се соочува со сериозен проблем“, бидејќи функционира како излез кон отворено море од заливот Пагаситикос кај градот Волос. Sitel
Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина. Sitel