Уапсените се Л.С. од Зајечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш.
Постојат основи за сомнение дека горенаведените осомничени, на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, планирале и подготвиле протест и напад врз државните институции, блокади на патиштата и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок. Kanal5
Инаку, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на Министерството за внатрешни работи на РС и БИА, претходно уапсени се шест лица под сомнение дека сториле кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија од член 320 во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик, објави Курир. Kanal5
Граѓаните на Ниш кои ги поддржуваат уапсените студенти, вклучувајќи го и студентот на Правниот факултет во Ниш, уапсениот Д.Д., се собраа пред зградата на Основниот суд во Ниш.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, вкупно 29 лица се приведени до 48 часа поради насилно однесување по протестот одржан во центарот на Белград синоќа и нападот врз припадници на Министерството за внатрешни работи, соопшти обвинителството. A1on