Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Republika
Секако, ова е случај што ќе продолжи, рече Додик.
Тој објасни дека има обврска да се јавува на секои 15 дена во полициската станица Лакташи во близина на Бања Лука каде што има регистрирано живеалиште, а исто така рече дека е „уморен од сè“. Освен Додик, Обвинителството на БиХ води истрага и против претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, по кои е издадена потерница и одреден е притвор. Libertas
Осомничениот беше особено предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор ако ги прекрши обврските, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ.
По сослушувањето, Додик потврди дека дал изјава на барање на државното обвинителство. Libertas