Грчките власти соопштија дека десетици шумски пожари избувнале во цела Грција во последните 24 часа, а пожарникарите ставија под контрола голем пожар северно од Атина откога се бореа со него во текот на ноќта.Пожарот, кој избувна во регионот Оропос, на 60-ина километри од главниот град, беше ставен под контрола по неколкучасовна борба.
Дополнителни 55 шумски пожари избувнале во целата земја во последните 24 часа, според портпаролот на синдикатот на пожарникарите, Костас Цигас.„Со дневна светлина и помош на противпожарни хеликоптери треба бргу да ги изгаснеме преостанатите жаришта пред да се засилат силните ветрови подоцна денес“, изјави Цигас за грчкото државно радио.