Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на македонските политичари, откако бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков беше повикан во Министерството за надворешни работи.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“.
„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.