Денес во станбена зона во градот Бургас во југоисточна Бугарија избувна пожар, во кој изгореа најмалку 25 куќи, а беше наредена масовна евакуација.
Пожарот избувна околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се прошири, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека и покрај сериозноста на ситуацијата, системот за предупредување не бил активиран. Libertas