Ниту денес, во 48-от обид, пратениците не успеаја да го конституираат Собранието на Косово, бидејќи ниту овојпат не беше формирана комисија за тајно гласање за претседател на Собранието.
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Љумир Абдиџику, најави дека денеска ќе ја достави одлуката на Врховниот суд на Косово, која утврди дека истовременото вршење на функциите пратеник и министер е незаконско, како доказ до Специјалното обвинителство на Косово.