Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија денеска да протестираат во Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и други градови против полициската бруталност и целосно да ги блокираат градовите. Kanal5
По полноќ во Белград, полицијата изврши насилна интервенција врз студентски и граѓански блокади, при што, според сведоштва и видеоснимки, употребила прекумерна сила, апсејќи и тепајќи демонстранти на повеќе локации низ градот, објавува Н1. Првиот полициски напад се случил пред Правниот факултет, каде што студентите седеле пред влезот.
Полицајците ги нападнале, ги принудиле да легнат на земја и ги привеле. Meta
На профилите на студентите кои ги блокираат високообразовните институции во Србија, вечерва беше објавено дека поради полициска бруталност утре, 4 јули, Белград и Нови Сад да бидат целосно блокирани.
Во објава на Инстаграм, студентите во блокада ги повикаа граѓаните, ветераните, таксистите и земјоделците на целосна блокада на Белград во 7:00 часот наутро. Libertas