Frontline
До доцна синоќа – веќе седми ден – блокади имаше низ Белград, Ниш, Ужице, Заечар, Нови Сад, Нови Пазар, Чачак… Блокадите на протестите во градовите низ Србија почнаа откако студентите повикаа на граѓанска непослушност по протестите на Видовден во Белград на 28 јуни.
Со протести и граѓанска непослушност, студентите и граѓаните кои ги поддржуваат, бараат ослободување на сите оние кои, како што тврдат, биле нелегално уапсени на 28 јуни за време на протестот на Видовден, како и распишување вонредни избори и отстранување на шаторите во близина на Собранието и распуштање на собирот во Пионирски парк, што е веднаш спроти Собранието на Србија. Frontline