Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека во време кога се обидуваат да ја потресат земјата и однадвор и однатре, Србија стои цврсто и дека секој ден работи за подобар живот за секој граѓанин.„Во време кога се обидуваат да нè потресат и однадвор и одвнатре, важно е да знаете дека Србија стои цврсто, дека нашата земја оди по својот пат, мирно, безбедно и одговорно“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.Вучиќ, заедно со објавеното видео во кое се сумира она што е направено во текот на изминатата недела, изјави дека се работи тивко, секој ден, за подобар живот за сите граѓани. 4news