Денеска во Вишиот суд во Белград продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби 9 негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, објави српски Еуроњуз.
Владимир Кецмановиќ негирал дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој одбил да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите, по што дел од родителите на убиените деца ја напуштиле судницата.
Судијата наредил пауза пред да продолжи судењето. Plusinfo
Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ – Владимир и Миљана Кецмановиќ, по наводите од проширеното обвинение со кое се товарат дека го запоставиле и малтретирале нивниот малолетен син, кој го изврши масакрот во основното. училиште „Владислав Рибникар“.
Владимир Кечмановиќ се изјасни за невин, а на родителите на убиените деца им беше тешко да ја прифатат изјавата на Кецмановиќ за „дружење, учење и разговор“ со малолетниот убиец. Fokus
По него се очекува за новите обвинувања да се изјасни и Миљана Кецмановиќ.
Инаку, обвинителството го проширило обвинението, според кое Владимир Кецмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека, пак, неговата сопруга е обвинета за недозволено поседување и носење оружје. Netpress
Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето-убиец кое во мај минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска не се појавија пред Вишиот суд во Белград, каде што беше закажано рочиште во постапката.
Марина Ивеља, застапничката на Кецмановиќ, најави дека утре ќе изнесат детална одбрана пред истиот суд, во кривичната постапка која е проширена со обвинувања за злоупотреба и запуштање на дете. Netpress
Малолетникот Коста К., кој на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, од денеска има статус на „оштетен“ во судската постапка против неговите родители.
Употребата на ракети АТАКМС на територијата на регионот Брјанск во Русија е сигнал дека Западот сака ескалација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските напади врз Брјанска област со американски ракети се јасен сигнал дека Западот бара ескалација на конфликтот.
„Ако е загрозена безбедноста на Москва, ви велам, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре очекува нови оставки од Владата и од други места по трагичната несреќа во Нови Сад, во која загинаа 15 луѓе.
Во Грција денеска почнува 24-часовен штрајк, а синдикатите ќе бараат зголемување на платите на неколкуте планирани протести во градовите низ земјата, пишува Катимерини.
Работниците ширум Грција рано утринава започнаа 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на масовниот протест организиран од синдикатите за да протестираат против економските политики на владата, јави ДПА.
По барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, а по налог на Специјалниот суд, запленети дел од имот во сопственост на сопругата на Илир Мета, Моника Круемади и нејзината мајка Фатиме Круемади.
Специјалниот апалециски суд против организиран криминал и корупција во Тирана , го отфрли барањето за поблаги мерки, со што поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор.