Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била достапна за органите на прогонот, а која е опфатена во Наредбата за постапување од истрагата, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи, се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.