Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека целата хрватска јавност е згрозена од трагедијата во училиштето и дека властите во моментов имаат информации дека неколку ученици се згрижени во неколку болници.
Според неофицијални информации до кои дошле хрватските медиуми во петокот претпладнето, едно дете загинало а осум лица се повредени во нападот во загрепското основно училиште „Пречко“, што го коментираше и премиерот Андреј Пленковиќ, кој рече дека е згрозен и изрази сочувство и жалење до семејствата на повредените деца.