Одлуката на властите на Република Српска да продолжат да го кршат Дејтонскиот договор и да донесуваат закони спротивни на уставот на БиХ е опасен обид за загрозување на мирот, а одговорните за овие дејствија може да очекуваат кривично гонење, предупреди денеска Канцеларијата на високиот претставник за БиХ (ОХР), реагирајќи на одлуките донесени од парламентот на РС. Еден ден откако Националното собрание на РС, и покрај силното противење на опозицијата, со гласовите на претставниците од владејачкото мнозинство контролирано од Милорад Додик ги поддржа нацрт-законот за новиот устав на ентитетите и нацрт-законот за заштита на уставниот поредок на РС, ОХР реагираше со соопштение во кое предупредува на неизбежните последици кои произлегуваат од прекршувањето на Дејтонскиот договор.
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв кој ќе биде ообвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.
Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик им се обрати на медиумите во Бања Лука откако обвинителството на Босна и Херцеговина утринава издаде налог за негово апсење.