Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес разговараше телефонски со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што вели, му посака брзо закрепнување, „бидејќи на Србија ѝ е потребен здрав и во полн капацитет повеќе од кога било“.
Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош.
На српскиот претседател Александар Вучиќ ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал лекарска помош и по прегледот одлучил да се врати во Србија, и веќе е на пат за Белград, дознава Танјуг рано утрово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.