Слични казни се предвидени и за некористење кацига, како од возачите на мотори, така и од сопатникот.
Ограничувањето на брзината, како што објасни Киранакис, ќе се намали на 30 километри на час за тесни и мали улици во внатрешноста на населбите, на 50 километри на час за главни градски патишта, додека пак на автопатите ограничувањето ќе се зголеми на 140 км/ч. Вечерните часови за време на викендите според Киранакис се регистрираат најголем број сообраќајни несреќи со смртни последици, а со измените во законот целта е да се елиминира антисоцијалното однесување при возење. Vecer
За возење под дејство на алкохол и пречекорувањето на ограничувањата ќе донесе и отстранување на возилото со пајак.
Дополнително, за паркирање на место наменето за инвалиди, ќе се отстрануваат регистарските таблици од возилото на прекршителот, додека пак за велосипедистите ќе биде забрането да возат на улица. Kurir
Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер за транспорт на Грција Константинос Киранакис, јави дописничката на МИА од Атина. Plusinfo
Слични казни се предвидени и за некористење кацига, како од возачите на мотори, така и од сопатникот.Ограничувањето на брзината, како што објасни Киранакис, ќе се намали на 30 километри на час за тесни и мали улици во внатрешноста на населбите, на 50 километри на час за главни градски патишта, додека пак на автопатите ограничувањето ќе се зголеми на 140 км/ч. Вечерните часови за време на викендите според Киранакис се регистрираат најголем број сообраќајни несреќи со смртни последици, а со измените во законот целта е да се елиминира антисоцијалното однесување при возење.
За недозволени трки на автомобили и брзина од над 200 км/ч, казните се од 2.000, 4.000 и 8.000 евра при првиот, вториот и третиот прекршок, заедно со одземање на возачката дозвола на една, две или четири години, во зависност дали е прв, втор или трет прекршок. Vecer