Обвинителството денеска ја повика Арсовска да достави податоци и докази на кои конкретни парцели во Чаир има дивоградби, за да можат да постапуваат.
Данела Арсовска ги достави доказите до ОЈО Скопје за дивоградбите во Чаир 360степени | 31 мај, 2025 17:10.
Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Арсовска како службено лице мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.