Четириесет и осум повредени полицајци и десетина млади студенти, триесетина приведени – епилогот од синоќешните масовни демонстрации во Белград, кои завршија со судир со полицијата.
Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада.
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах.
Неколку минути пред 22 часот, студентите го објавија крајот на нивниот дотогаш мирен протест, на кој, според Архивата на јавни собири, учествуваа околу 140.000 луѓе.