ЦИК едногласно му го одзеде мандатот на Додик (66) на претседател на ентитетот, на седница одржана во Сараево, заклучувајќи дека тоа е во согласност со одредбите од Изборниот закон на БиХ, кој предвидува таква мерка за секој избран функционер осуден на затворска казна од повеќе од шест месеци.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, останува на чело на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), беше објавено по седницата на претседателството на партијата одржана на 4 август во Бања Лука, пишуваат српски медиуми.
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на правосилно осудениот претседател на Република Српска, Милорад Додик.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, реагираше во врска со, како што наведуваат, „нелегалното кривично гонење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, велејќи дека „Русија планира да ги искористи политичките средства што ѝ се на располагање за да спречи зголемување на тензиите во Босна и Херцеговина“.Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност за кривично дело „неспроведување на одлуката на високиот претставник“.