Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска, потврди Klix.ba. Ова значи дека Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должен да распише предвремени избори за претседател на ентитетот. Локално
ЦИК на БиХ претходно донесе одлука да го одземе мандатот на Милорад Додик, неколку дена откако Судот на БиХ објави на почетокот на август дека Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција во БиХ поради непочитување на одлуките на високиот претставник.
Во жалбата, адвокатскиот тим на Милорад Додик ја оспорува ретроактивната примена на престанокот на неговиот мандат, бидејќи датумот на престанок беше закажан за 12 јуни, додека одлуката за престанок на неговиот мандат беше донесена на 6 август. Фокус