Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“. Mk
„Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало.
Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Netpress
Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка наконкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија.
Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкуретност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини…итн. Republika
Врз основа на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, Министерството за економија и труд предводено од министерот Бесар Дурмиши денеска го објави Јавниот повик за кофинансирање на иновативни, истражувачки и развојни проекти поврзани со паметна специјализација, зелена и дигитална трансформација во областа на домените дефинирани во согласност со Стратегијата за паметна специјализација. Skopjeinfo
Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму.
Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд“, кажа Дурмиши и потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој. Skopjeinfo
Тој очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите.
Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец – рече Дурмиши. Plusinfo
„Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот Регион.
Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Skopjeinfo
„Во рамки на Економско социјалниот совет ќе носиме заеднички одлуки и мерки кои ќе имаат главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните.
Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период. Press24