Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот од Министерството за економија дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите на дел од прехранбените производи можеби нема да се најде на утрешната владина седница доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни. Novamakedonija
Јас денеска разговарав со министерот за економија Дурмиши.
Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот може би една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите, вели премиерот Христијан Мицкоски Министерот за економија Дурмиши пак минатата недела првично најави дека во петок ќе се знае со каква мерка ќе се делува на цените и што се ќе содржи кошницата, но потоа рече дека тоа ќе биде во понеделник, а во вторник на владина седница ќе се разговара за кошницата. Telma
Владата нема намера на сила да донесе мерка, туку заедно со трговците и производителите.
Премиерот рече дека тој е за пазарна економија и цени кои се формираат на пазарот, но предупреди дека владата мора да реагира на одделни однесување на трговците кои се богатат на грбот на граѓаните. Plusinfo
Не мислам дека е доцна“, рече Мицкоски.
Неизвесно е и што ќе се случува со Законот за нефер трговски практики кој треба да стапи на сила на 28 овој месец и со кој се очекува да се намалат цените на дел од производите. Mk