Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот од Министерството за економија дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите на дел од прехранбените производи можеби нема да се најде на утрешната владина седница доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни. Novamakedonija
Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на состанокот со АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, Мицкоски рече дека утрово разговарал со министерот за економија кој треба да го организира состанокот.
Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот, можеби една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите. A1on