Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот од Министерството за економија дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите на дел од прехранбените производи можеби нема да се најде на утрешната владина седница доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни. Novamakedonija
Јас денеска разговарав со министерот за економија Дурмиши.
Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот може би една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите, вели премиерот Христијан Мицкоски Министерот за економија Дурмиши пак минатата недела првично најави дека во петок ќе се знае со каква мерка ќе се делува на цените и што се ќе содржи кошницата, но потоа рече дека тоа ќе биде во понеделник, а во вторник на владина седница ќе се разговара за кошницата. Telma