Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на денешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Како што информират од Народната банка, конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Nezavisen
Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на утрешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, којашто традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со свои обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан.
Воведно обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер. Nezavisen
Заложбите на Народната банка се видливи преку подобрувањето на финансиската вклученост на населението.
Со своите напори за унапредување на финансиската вклученост и финансиската едукација, Народната банка успешно придонесува за зголемување на вклученоста на населението во финансиските текови, што е од особено значење за економскиот развој и благосостојбата на граѓаните. Kanal5
Столбовите за спроведување на политиките за справување со глобалните економски шокови се независноста и кредибилитетот на централните банки, кои во регионот на Југоисточна Европа за само една година имаат придонесено да се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, беше посочено на денешната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка.
Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер смета дека независноста на централните банки може да биде основа на модерното централно банкарство, но дека транспарентноста и отчетноста се она што ја балансира независноста на централната банка со принципите на демократијата. Biznisvesti
Создавањето независна централна банка во 1992 година беше клучно за да се намали хиперинфлацијата од раните 1990-ти. Народната банка е рангирана многу високо во новиот Индекс на независност на Централната банка на ММФ, посочи Камер.
Според директорот на КПБВ, Марк Узан, довербата што централните банки ја уживаа ширум светот, во текот на многу години, можела да се изгуби доколку општеството почнело да се сомнева во нивната посветеност на стабилноста на цените. Republika
На конференцијата се обрати и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, според која за да можат банките да ја реализираат својата важна улога треба да бидат независни од централната власт и отпорни на политички притисоци.
Живееме во време на парадокси, длабока меѓузависност на земјите, економиите, луѓето и природата. Republika