Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.
Ова е Фејсбук објавата на болницата „Плодност“ по тешката сообраќајка која утринава се случи пред Прилеп, а во која животот го загубија тројца вработени во болницата: „Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.
Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што изутрината се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.
Магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучката „Лагово“ е затворен за сообраќај.