Според ДУИ, кај министерот за здравство има недостиг на посветеност и одговорност, што е неприфатливо, особено кога здравјето и животите на децата се во опасност Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка и да преземе одговорност за неколкуте трагични настани што се случија изминатиот период.
ДУИ реагира на состојбите во здравствениот систем во кој, според нивна оценка, се случија трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста.