Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата. Skopjeinfo
Од Северна Македонија учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Еден од најатрактивните сегменти на саемот е доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи денеска. Libertas
„Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.
На третиот Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ има 650 изложувачи од 38 земји. Libertas