Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата. Libertas
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата.
Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена, при што Македонија е на 22 место во светот по производство на вино и на 29-то место по извоз. A1on
„Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.
На третиот Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ има 650 изложувачи од 38 земји. A1on
Трипуновски истакна дека оваа година на саемот се претставуваат 80 винарски визби, од кои 68 се мали семејни винарии, а 12 се дел од Здружението „Wines of Macedonia“.
За првпат на оваа манифестација има и изложувачи на македонска традиционална храна, јави известувачот на МИА од Белград. A1on