Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.
Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Главниот настан за двете нации ќе биде потпишување на декларација за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и трговската размена...