Планот на Владата за зголемување на приходите по глава на жител на 10.000 долари ќе зависи од стапката на раст, а за повисоки приходи треба да се работи на квалитетно образование, конкурентно опкружување и поголема енергетска ефиканост, оцени денеска Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија.
Зависи сепак од стапката на раст, ако е многу голема стапката на раст, отприлика 10 проценти, тогаш БДП се удвојува за седум години, така што сегашните 8.000 – 9.000 евра може да се достигнат 17.000, а до 10.000 може да се стаса за многу пократок временски период и сето тоа ќе зависи од стапката на раст, рече Изворски на новинарско прашање пред презентацијата на Извештајот на Светска банка „Поголеми височини, Раст кон високи приходи во Европа и Централна Азија“ во Скопје. Netpress
Прашан за колку години македонските граѓани би го достигнале просекот на ЕУ во приходи по глава на жител посочи дека тоа зависи од стапката на раст на продуктивоста.
Ако таа стапка на раст е еднаква на она што било во почетокот на 2000- те години може да биде многу побргу. Novamakedonija
И ако се намдине ова и се постигне поголема енергетска ефикасност тоа ќе доведе до поголема профитабилност за деловните субјекти кои работат, помали тришоци за граѓаните и помалку субвенции бидејќи многу земји даваат субвенции на енергетските производутели така што во овој случлај би давале помалку, рече Изворски.
Премиерот Христијан Мицкоски викендот во најава на нова инвестиција повтори дека една од примарните цели на Владата е номиналниот БДП да биде над 20 милијарди долари или 10 500 долари по глава на жител, како и намалување на јавниот и државниот долг под 50, односно 40 проценти. Netpress