Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево достави докази во Основното јавно обвинителство во врска со легализирани дивоградби во општина Чаир спротивно на закон.
Арсовска како службено лице мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истурил отпад пред бараките.„Господинот Висар Ганиу си собираше ѓубрето од дивоградбите и некои фотељи, па кога му кажав на Фејсбук дека не му е добар планот, се исплашил и дошол пред Град Скопје да го истури ѓубрето и се задржал три минути, а бе кога му реков доаѓам, џом да го нема.