Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз на вториот слободен тренинг за Големата награда на Лас Вегас, 22. коло од Светскиот шампионат во Формула 1. Седумкратниот светски шампион, кој беше и најбрз на првиот слободен тренинг, ги остави зад себе сонародниците Ландо Норис (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес). Двaта билида на Ферари ја затворија првата петорка – Шпанецот Карлос Саинз беше четврти пред Шарл Леклер од Монако. Netpress