Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата пред трката за Големата награда на Лас Вегас.
Британецот со време 1:32.212, дојде до третата пол-позиција оваа сезона, вкупно четврта во кариерата.
Другиот возач на Ферари – Шарл Леклер од Монако ќе стартува четврти, а веднаш по него е светскиот шампион Макс Верстапен, кој утре ќе има можност да ја освои четвртата последователна титула.
Неговиот голем ривал кај пилотите – Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен), ќе стартува од шестата позиција на стартниот грид. Sitel
Расел го извозе кругот со својот Мерцедес за 1:32.212 минути, 98 илјадитинки побрзо од Карлос Саинц во Ферари.
Зад нив од вториот стартен ред ќе стартуваат Пјер Гасли (Алпин) и второто Ферари со Шарл Леклер на волан, а од третиот последните двајца преостанати кандидати за титулата - Макс Верстапен (Ред Бул Рејсинг Хонда) и Ландо Норис (Мекларен Мерцедес). Впрочем, Норис е само тоа на хартија, бидејќи на последните три трки од сезоната би требало повеќе од чудо да го престигне водечкиот Верстапен. Kanal5
Британскиот возач Џорџ Расел ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1 која се вози утре од 7 часот по средноевропско време. Ekipa
Во генералниот пласман, Макс Ферстапен е прв со 393 поени, пред Ландо Норис со 331 и Шарл Леклер со 307.
Во конкуренцијата на конструкторите, води Мекларен со 593 поени, пред Ферари со 557 и Ред Бул со 544. Sport1
Тимот на Ферари покажа добра форма.
Шарл Леклер беше четврти на првиот тренинг, петти на вториот тренинг, а Карлос Саинц беше шести на првиот и четврти на вториот тренинг. Kanal5
Ферстапен, кој беше првак во 2021, 2022 и во 2023 година, може да ја освои титулата и во неколку други сценарија, дури и ако биде зад Норис, под услов Норис да не биде подобар за повеќе од два поена.
Од друга страна, Норис мора да го надмине Ферстапен со три или повеќе поени во Лас Вегас за да биде сигурен дека по таа трка ќе има заостаток од 59 поени или помалку за да го задржи во конкуренција најмалку уште една недела. Novamakedonija
Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, откако ќе почне од пол-позицијата утре наутро.
Тој го постави најдоброто време од 1:32.312 минути на крајот од квалификациите кога патеката беше најбрза. Libertas
Британскиот возач на Мерцедес имаше најбрзо време од 1:32,312, победувајќи ја конкуренцијата за минимална маргина.
Карлос Саинц ќе почне од второто место откако доцнеше само 0,098 секунди. Gol
Водечкиот Холанѓанец Макс Верстапен (Ред Бул) беше само 17-ти во првенството.
Третата и последна слободна тренинг сесија е закажана за петок во 18:30 часот по локално време (сабота во 3:30 часот по средноевропско време) пред квалификациите закажани за 22:00 часот (сабота во 7 часот). Големата награда на Лас Вегас нема да се одржи во недела како и обично, туку во сабота навечер, со почеток во 22 часот во срцето на познатиот Стрип каде Макс Верстапен ја има првата шанса да го освои четвртиот последователен светски шампионат. Netpress
Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.
Хаосот траеше повеќе од пет часа на лондонскиот аеродром Гетвик, кој го затвори јужниот терминал од безбедносни причини, ги евакуираше патниците од зградата и ги предупреди „веднаш да излезат и да се држат настрана“.
Британската полиција изврши контролирана експлозија откако „сомнителен пакет“ беше пронајден пред амбасадата на САД во Лондон.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по распит на 12 осомничени за несреќата на железничката станица во тој град, донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за приведување на 13 од нив, меѓу кои и едно лице кое е во странство, јави дописникот на МИА од Белград.
Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер што причини штети во неколку региони, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите имале голем број интервенции што настанале поради силниот ветер од над 60 километри на час што вчера го зафати Битолскиот регион.
Невремето што вчера ја зафати земјава направи штети во неколку градови.
„СДСМ најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски“, велат од партијата и додаваат: „Бараме МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
СДСМ најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.