Од сезоната 2026 во Формула 1 ќе се натпреваруваат 11 тима, наспроти досегашните десет.
По долги преговори, многу полемики и несогласувања, компанијата „Џенерал Моторс - ЏМ“ постигна договор со сопствениците на Формула 1. Така, на гридот од 2026 година ќе се најде уште еден американски тим под името Кадилак Ф1. Први оперативци на Кадилак Ф1 тимот ќе бидат сопствениците на Андрети Моторс, Дан Товрис и Марк Валтер.