Заедно со техничкиот директор Џејсон Вилкокс, тие направија сопствена проценка за типот на менаџер што му е потребна на клубот и долгорочниот модел на игра што Јунајтед треба да го има.
Аморим, кој беше прогласен за потенцијален наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити и стажираше под водство на Жозе Мурињо, едноставно се смета за човек кој може да ја дефинира следната генерација на тренери, на ист начин како што тоа го направија тие двајца. Kanal5
Триесет и девет годишниот тренер ќе биде бесценет за Јунајтед ако треба да го испорача она за што тие се убедени дека е способен: трансформација на тактичкиот идентитет, карактер и соодветно фудбалско уживање.
За волја на вистината, анализата на стилот и методологијата на играње може да се извлече само од она што веќе го направил еден човек на теренот. Kanal5