Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски се најде во стартниот состав на Џирона на средбата од Лигата на шампионите против ПСВ Ајндховен и веднаш влезе во голема шанса.
Се играше осмата минута, кога поранешниот член на Манчестер Јунајтед, Ван Де Бек одлично го проигра Миовски, но нашата „деветка“ за жал не успеа да погоди од непосредна близина.