Тоа резултира со гол на Танкоски, па одбрана на Еспиња и уште еден гол на Лазаревски за преполовување на негативата (5-3). Сепак, одново следеше пад во играта на Вардар и тоа Мелсунген знаеше да го казни па до 15. минута поведе со 9-3. Не се откажаа македонските ракометари, успеаја пак да пријдат на „минус три“ и тоа пред полувремето го натера и Парондо да свика минута одмор за совети. Gol